Гигантот Apple веќе подолго време нема направено поголеми промени во своите линии на хардверски производи и ова денешно претставување е најдобар показател за тоа. Имено, тие тивко претставија освежен iPad, кој треба да отвори простор за останатите таблети во понудата, како и црвен iPhone 7 и 7 Plus.

Новиот iPad е целосно истиот таблет како iPad Air 2 со 9,7 инчен дисплеј, со таа разлика што процесорот е Apple A9 наместо Apple A8X и има поголем капацитет од 32 наместо 16 GB. Името на овој модел сега ќе биде само iPad, што значи дека новите таблети кои треба да бидат претставени наскоро ќе бидат “Pro” моделите со 10,5 и 12,9 инчен дисплеј. Предноста на овој модел е што ќе има многу пониска цена од 329 долари (претходно 399 долари), што го прави супер конкурентен на пазарот на таблети.

Apple ја освежи и понудата во iPhone серијата на смартфони. Актуелните најдобри модели, iPhone 7 и 7 Plus добиваат црвена верзија, направена во соработка со RED, која е фондација за собирање средства во борба против сидата. Цената на црвените iPhone-и е 100 долари повисока во однос на останатите бои, но со поголем капацитет за податоци од 128 GB. Покрај iPhone 7 и 7 Plus, освежување доби и iPhone SE, кој сега има повеќе капацитет – 32 во однос на 16 GB и иста цена како и претходно – 399 долари.

Иако погоре спомнав дека ова претставување на производи на Apple е најдобар показател за тоа што го правеле изминативе неколку години, тоа е одлична најава за тоа што ќе се случи во иднината. Имено, ова дава надеж дека новиот iPhone 8 дефинитивно ќе биде производ кој ќе биде навистина различен и кој ќе направи квантен скок во однос на претходните модели.

Извор: Venture Beat, TechnoBuffalo, Forbes

Претходна статијаMicrosoft спреми специјална верзија на Windows 10 за кинеската влада
Следна статијаGoogle ја претстави Developer Preview верзијата од новиот Android O