Apple го започна претставувањето на новата генерација од iPhone со претставувањето на iPhone 14 и iPhone 14 Plus. Како што се очекуваше, iPhone веќе нема да има mini верзија, а разликата помеѓу моделите се поедноставува со достапност на две големини.

iPhone 14 има екран со големина од 6,1 инч, додека iPhone 14 Plus има екран со големина од 6,7 инчи.

iPhone 14 и iPhone 14 Plus доаѓа со ланскиот чип A15, но со одредени подобрувања кои треба да овозможат нешто подобри перформанси од ланските модели.

Истото важи и за камерите кои доаѓаат со подобрени функции, а посебно се истакнува можноста за стабилизација на сликата при движење, со што се трга потребата од користење на „gimbal“. Apple најавува дел од карактеристиките од ланските Pro модели кои ќе овозможат подолго траење на батеријата.

Една поголема новина која доаѓа со новите iPhone телефони е можноста за поврзување со сателити во итни ситуации, кога не е достапна мрежна покриеност од операторот. Ова е нешто што се најавуваше за минатата година, но Apple се одлучи да го претстави сепак оваа.

Apple за оваа функција има развиено посебен софтвер кој му кажува на корисникот каде треба да го насочи телефонот за да добие сигнал од сателитот. По остварување на конекција со сателит, можат да се испратат кратки пораки, за кои ќе мора да се почека и до 15 секунди.

Една работа која Apple не се одлучи да ја донесе кај основните iPhone 14 модели е стапката на освежување на екранот од 120 херци, што покажува дека оваа година целта е поголемо разделување од Pro моделите.

Претходна статијаApple го претстави Apple Watch Ultra наменет за планинарите и останатите спортисти
Следна статијаApple ги претстави iPhone 14 Pro моделите со помал исечок кој го нарекуваат Dynamic Island и Always-On екран
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.