Според информации објавени од страна на DigiTimes, Qualcomm и MediaTek се’ уште размислуваат дали нивните нови чипови оваа година да бидат произведени во 3nm процес на TSMC. Ова може да значи дека Apple ќе бидат единствените кои во своите уреди ќе користат ваков чип, а тоа може да им даде одредена предност над конкурентите, нешто што веќе е стандардно со години.
Една од придобивките кои се споменуваат, иако се’ уште неофицијално, за A17 Bionic чипот кој треба да биде произведен со новиот 3nm процес, е подолго траење на батеријата на iPhone 15 Pro серијата. Тоа е така поради доста подобрата ефикасност и перформанси кои ги донесува процесот, а се очекува дека TSMC ќе почне да го применува оваа година.
Предноста која би ја имале Apple не би било нешто ново. Чиповите на Apple со години се пред останатите од конкурентите, барем на тестовите, но и перформансите на iPhone се доволно добри да тоа лесно може да се смета како точно и меродавно. Треба да се напомене дека Apple ја има предноста да прави многу мал број на уреди во споредба со конкурентите, па дизајнирањето на сопствен чип си го прави своето.
Ова е и причина зошто конкурентите не би требало да им овозможат на Apple дополнително да ја зголемат разликата на својот чип.
Сепак, се работи за неофицијални информации, па ќе видиме во текот на годинита какви одлуки ќе бидат направени.