Apple денес го одржува нивниот „Far Out“ настан на кој главното внимание секако ќе биде новата iPhone 14 серија која традиционално е претставувана во септември, а оваа година и најрано во месецот.

Настанот ќе може да се гледа во живо преку страната на компанијата, односно на https://www.apple.com/apple-events/event-stream/, како и преку YouTube на овој линк. Почетокот на настанот ќе биде во 19:00 часот по македонско време.

Од неофицијалните информации кои ги имаше доста оваа година, веќе ги знаеме повеќето новини кои ќе бидат претставени. Apple во главно денес ќе ни ги потврди, ќе видиме точно како ќе изгледаат, а сигурно ќе има и нешто што не беше дел од гласините.

За разлика од претходните генерации, iPhone 14 ќе биде поделена, односно разликата помеѓу основните и Pro моделите ќе биде поголема. iPhone 14 ќе работи на ланскиот A15 Bionic чип или некоја малку надградена верзија, додека iPhone 14 Pro ќе работат на новиот A16 Bionic.

iPhone 14 Pro моделите нема да го имаат ланскиот исечок на екранот, кој ќе биде заменет со помал исечок во форма на „апче“, каде ќе бидат поставени Face ID системот и камерата.

Камерите кај iPhone 14 Pro се најавува дека ќе дојдат со нов сензор со 48 мегапиксели, додека тие кај основните модели би требало да го задржат ланскиот.

Втора поголема работа на настанот ќе биде претставувањето на Apple Watch Series 8. Паметниот часовник од Apple треба да добие помала надградба во споредба со лани, но се верува дека за првпат ќе биде претставен Pro часовник кој ќе го донесе првиот редизајн на Apple Watch после доста години.

Овој часовник треба да го донесе Apple на дел од пазарот кој не успева да го држи добро како остатокот од пазарот на паметни часовници, а тоа е делот кој во главно го држи Garmin. Кратко кажано, Apple Watch Series 8 Pro ќе биде часовник кој ќе биде наменет за спортистите и планинарите.

Поради тоа, Watch Series 8 Pro ќе дојде со поголеми димензии и екран, поиздржливи материјали и екран, поголема батерија, како и додатни копчиња.

Последните гласини покажаа и слики од кои се гледа и порамен екран во споредба со обичните модели, па ако се погоди ова точно, овој часовник ќе изгледа одлично.

На настанот Apple треба да ги претстави и новата генерација од AirPod Pro, па ќе видиме дали ќе донесат нешто ново и вредно во споредба со конкуренцијата, како на пример Sony.

Сепак, да не се задржуваме целосно на неофицијалните информации, настанот за за неколку часа, па ќе дознаеме што се ќе претстави Apple.

Претходна статијаGoogle ќе ги претстави Pixel 7 телефоните на 6. октомври
Следна статијаНајновите карактеристики на телефоните Galaxy Z Fold 4 и Z Flip 4 и серијата часовници Watch5 ќе бидат достапни и за претходните генерации уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.