Acer ја збогати својата понуда со два нови модели на таблети: Iconia A1-830 и Iconia B1-720.

IA1830

Подобриот од двата модела – Iconia A1-830, вклучува IPS екран со дијагонала од 7.9 инчи и резолуција од 1.024 x 768 пиксели. Таблетот доаѓа со дво-јадрен Intel Atom процесор кој работи на фреквенција од 1.6GHz, 1GB RAM меморија и 16GB меморија за складирање на податоци. На задната страна од таблетот (која е изработена од алуминиум) се наоѓа 5-мегапикселна камера, додека на предната страна е сместена 2-мегапикселна камера. Iconia A1-830 го користи Android 4.2 Jelly Bean оперативниот систем, меѓутоа од Acer ја разгледуваат можноста за евентуална надградба на новиот Android 4.4 KitKat. Цената за овој таблет ќе биде 149 долари.

IB1720

Вториот модел – Iconia B1-720, доаѓа со помал 7-инчен TN екран кој има резолуција 1.024 x 600 пиксели и користи дво-јадрен MTK процесор со фреквенција од 1.3GHz. Како и кај A1-830 моделот, вклучени се 1GB меморија и 16GB простор за складирање на податоци. Овој модел има само една камера, лоцирана на предната страна и е со стандардна VGA резолуција. Iconia B1-720 ќе биде достапен во две варијанти (црно-сива и црно-црвена) и ќе се продава по цена од 130 долари.

Претходна статијаНов „Smart Control“ далечински управувач од Samsung
Следна статијаVimeo направи промена на нивниот видео player, ќе користи HTML5 стандардно