Shutterstock.com

Верувам дека повеќето корисници кај нас до март немаа слушнато за Zoom апликацијата која пред се е наменета за видео конференции на компаниите. Како и многу други сервиси, од Zoom не можеа да пропуштат поради големата побарувачка, да не овозможат и повеќе можности за обичните корисници, односно поединците кои не плаќаат.

Нешто што е доста популарно, а дел од конкурентите или го имаат или најавија дека ќе го воведат, е шифрирање на разговорите со „од-крај-до-крај“ шифрирање. Ова значи дека „клучот“ за отворање на шифрираните разговори се чува на уредите кај корисниците и само тие можат да ги видат и никој друг, дури ни од компанијата чиј е сервисот.

Zoom најавија дека и тие воведуваат вакво шифрирање, но нагласија дека истото ќе биде достапно само за корисниците кои плаќаат. За ова добија доста критики, а објаснувањето беше дека сервисот често се злоупотребува, па не сакаат да ги заштитат разговорите на корисници кои не им се познати, односно не се идентификувани кај нив.

Поради доволно критики, од Zoom се одлучија да овозможат шифрирање на разговорите и кај бесплатните корисници, но како дополнителна заштита од злоупотреба, корисниците ќе мора да го дадат својот телефонски број. Со тоа ќе се заштити мрежата од големи број на анонимни повици кои се направени со цел за злоупотреба.

Инаку, чисто за појаснување, разговорите преку Zoom се и сега шифрирани, но доколку сакаат од компанијата можат да ги отворат и да ги видат, затоа што клучевите се кај нив. E2EE шифрирањето само ќе овозможи целосна приватност поради тоа што ни од Zoom нема да можат да ги отворат разговорите.

ИЗВОРPCMag
ИЗВОР 2Zoom
Претходна статијаFacebook ќе овозможи исклучување на политичките реклами на своите мрежи
Следна статијаTwitter тестира гласовни „твитови“ на својата апликација на iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.