Фото: Shutterstock.com

За време на YouTube Broadcast настанот оваа недела, од сервисот најавија дека планираат да го променат начинот на прикажување на реклами на телевизорите. Ова е резултат и од статистиката која говори дека рекламите имаат најголема гледаност од овие уреди, каде луѓето веќе и се навикнати да им бидат прикажувани реклами.

Наместо досегашните две реклами по 15 секунди, на телевизорите YouTube ќе прикажува една реклама од 30 секунди. Оваа промена може и да е добра, зависно кој како гледа, па иако со подолго времетраење, едно прекинување за време на гледање на видеото може да е добар компромис.

Ова секако не важи за корисниците кои плаќаат за YouTube Premium, претплата која покрај неколку други придобивки, донесува целосно тргање на рекламите при гледањето на видеата.

Огласувачите ќе можат да ги пуштаат своите реклами преку YouTube Select платформата која има за цел да ја таргетира топ 5% најгледаната содржина.

Покрај оваа новина, од YouTube најавија и дека планираат да прикажуваат рекламни банери на телевизорите додека некое видео е ставено на пауза. Ова е можеби и подобро решение и би било многу подобро да се прикажуваат само овие реклами.

Промените ќе бидат пуштени во периодот што следи, а станува очигледно дека од Google сакаат што повеќе корисници да ги насочат кон Premium претплатата.

Претходно можевме да прочитаме за тоа дека од компанијата тестираат прикажување на известување кога корисниците користат додаток за блокирање на рекламите. Ова известување овозможува да се исклучи додатокот или да се проба YouTube Premium претплатата.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2YouTube
Претходна статијаИстражување на Аналитика: Домашните компании задоволни од ефектите на „Отворен Балкан“
Следна статијаКарл Пеи потврди дека Nothing Phone (2) ќе работи на Snapdragon 8+ Gen 1
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.