Фото: Shutterstock.com

Како и повеќето веб страни, YouTube својата заработка во главно ја вади од реклами, иако последните години голем фактор во тоа игра и Premium претплатата која овозможува тргање на рекламите и уште неколку други предности.

Од овој аспект разбирливо е зошто достапноста на рекламите е важна за останување на бесплатната форма на поголемиот дел од интернетот, но сепак се смета дека Google претерува со бројот на реклами кои ги прикажува на YouTube.

Поради ова не е чудно зошто голем дел од корисниците ги користат додатоците за блокирање на рекламите и на овој сервис, а на Google тоа не им се допаѓа.

Од компанијата започнаа со, засега само тест, прикажување на известување кое од корисниците бара да го исклучат додатокот за реклами или да се претплатат на YouTube Premium.

Фото: Reddit / Sazk100 

Во известувањето се истакнува дека рекламите овозможуваат YouTube да остане бесплатен за милијарди корисници во светот, а со користењето на Premium претплатата повторно се овозможува исплата на креаторите.

Засега нема информација дали од компанијата планираат ова известување да го пуштаат на сите корисници и каков им е планот поконкретно, односно дали нема да може да се исклучи без тргање на блокирачите или ќе се прикажува доволно често за да пречи.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаНовата серија „Mrs. Harris Goes To Paris“ пристигнува на SkyShowtime на 19 јуни
Следна статијаАсоцијацијата на светски трговски центри и Светскиот трговски центар Акра успешно собраа над 300 лидери од повеќе од 40 земји на 53. Генерално собрание на WTCA во Акра, Гана
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.