Преку својата Android апликација, YouTube продолжува со тестирање на можноста корисниците да пуштат видео по случаен избор. Овој тест започна уште во 2023 година, а сега продолжува во нова форма.
Сега корисниците кои се дел од тестот можат да забележат копче во долниот десен дел од апликацијата, таканаречено „лебдечко“ копче кое е означено како „Play something“.
Со притискање на копчето се отвора формат на видеа како тој за Shorts, но може да биде пуштено било какво видео.
Изборот на видеото е по случаен избор, но изгледа дека ги зема во предвид претходните видеа на корисникот, неговите „лајкови“ и слично.
Не е познато дали ова копче ќе биде официјално достапно за сите, а посебно што од компанијата веќе година и повеќе само ја тестираат оваа можност.
Netflix имаше нешто слично, односно копче со истото име, кое подоцна беше преименувано во „Surprise Me“. Изгледа дека корисниците не го користеле доволно, па на овој сервис истото веќе не е достапно.
Во случајот со YouTube ваква можност мислам дека има повеќе логика, па корисниците има шанса почесто да ја користат.