whatsapp-logo-f

Не можеме да кажеме дека на корисниците им фали апликација преку која што би можеле да се гледаат со соговорниците, односно да прават видео повици. Кај нас најмногу користената апликација за ваква намена претпоставуваме дека е Skype, а сигурно се користат и Facebook Messenger и Viber.

Според неофицијални информации објавени од страна на германски блог, WhatsApp планираат наскоро да се приклучат на оваа група на апликации, директни конкуренти.

Тие во наредните неколку недели се очекува да пуштат нова верзија од апликацијата за iOS платформата која што ќе има неколку новини, од кои што главната ќе биде можноста за видео повици.

Android верзијата би требало да следи нешто подоцна, а Windows 10 не се ни спомнува.

whatsapp_videochat_leak

На блогот се објавени и слики од наводниот кориснички интерфејс при видео повик, а од нив може да се види дека тој ќе биде прилично едноставен. Корисниците ќе го гледаат повикот на целиот екран, а на долната страна ќе бидат поставени сопствената слика, како и копчињата за исклучување на звукот, менување на камерата и завршување на повикот.

Покрај видео повиците, новата верзија се шпекулира дека ќе вклучува и нов начин на прикажување на повеќето разговори и промената од еден во друг. Тоа би било решено со користење на табови или нешто слично на Facebook Messenger Chat Heads.

Извор: TechRadar, TNW

Претходна статијаMicrosoft го купи Talko стартапот, тимот ќе работи на подобрување на Skype
Следна статијаЕлектронските цигари се исто така прилично штетни за вас
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.