По пуштањето пред 2 години, DNS сервисот од CloudFlare, познат едноставно како 1.1.1.1, веднаш стана еден од најпопуларните вакви производи на пазарот, со огромна бројка на корисници.

Филозофијата на CloudFlare е едноставна. Тие овозможуваат сервис кој е побрз и има за цел да ја заштити приватноста на корисниците.

Во случајот со DNS серверите, тоа се прави преку тргање на можноста интернет операторот на корисникот да има листа од веб страните кои ги отворил, преку неговите DNS сервери, додека подоцна претставениот VPN сервис наречен WARP, додатно ги штити корисниците преку шифрирање на целиот интернет сообраќај.

Преку апликацијата 1.1.1.1, достапна на Android и iOS, корисниците можеа да ги променат своите DNS сервери на тие од CloudFlare, нешто што на мобилните не е за секого едноставно да се направи, а подоцна се приклучи и VPN сервисот, преку истата апликација.

Најавен за десктоп платформите, сервисот од CloudFlare сега е достапен за Windows 10 и macOS, за почеток во бета форма, што значи дека им уште работа до завршување на производот, па и не се препорачува секој да го инсталира.

CloudFlare WARP функционира прилично едноставно. Од кога ќе го инсталирате, се поставува во tray делот преку посебна икона. Тука можете да го вклучите сервисот со едноставното и централно копче како на мобилните, а исто така може да се променат и одредени прилагодувања.

Прилагодувањата овозможуваат корисникот да избере дали сака апликацијата само да му ги промени DNS серверите или да го вклучи и VPN сервисот WARP. Исто така, може да се вклучи и филтрирање на сообраќајот за малициозни страни преку 1.1.1.1 for Families функцијата.

CloudFlare WARP за Windows 10 или macOS може да се симне преку оваа страна.

Да напоменеме дека WARP сервисот, за разлика од другите VPN сервиси, не нуди промена на IP адресата, што значи не може да се користи за гледање на филмови достапни во други региони, на пример. Главната цел е да се сокрие интернет активноста, односно да се оневозможи следење на што е тоа што корисникот го прави на интернет.

Исто така, сервисот има месечна претплата која сигурно ќе биде потребна и за десктоп корисниците кога ќе излезе апликацијата од бета.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаIntel ги претстави процесорите од 11-тата генерација за тенките лаптоп компјутери со втрадена Iris X графика
Следна статијаМакпетрол: Совети за патување со автомобил во време на корона кризата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.