Uber во градовите каде е масовно присутен со голем број на возачи кои редовно возат по улиците на градот, е во ситуација да поседува интересна и корисна дата база со податоци за движењето на тие возила.

Тие веќе ја објавуваат дел од таа дата база преку нивниот Uber Movement онлајн сервис преку кој може да се добијат информации за времето на движење на возилата во одредени градови.

Сега овој сервис добива уште една нова алатка, а тоа е информации за брзината на движење на возилата. Информациите може да се добијат според повеќе филтри, односно за одреден временски период, па тие коишто ќе ги користат податоците можат доста детално и од повеќе аспекти да ги добијат информациите.

Оваа алатка е достапна само во мал број на градови и од тие коишто имаат Uber, меѓутоа замислата е одлична и може многу да им помогне да тие кои ги планираат сообраќајните решенија.

Замислата е да во деловите каде што просечната брзина е доста пониска од остатокот од градот, да се разработи решение кое би го растеретило сообраќајот. Исто така, ако некаде брзината е повеќе од дозволената, ќе може да се преземат мерки од страна на полицијата.

На мапата може да се види дека во голем дел од градовите брзината на движење е прилично ниска, што значи дека таму има големи гужви. Во некои такви градови се воведуваат такси за возилата кои сакаат да возат во централните подрачја каде гужвата е најголема.

Ваква алатка сигурно кај нас не би се користела за ништо повеќе од обичен ПР од страна на властите, без нешто конкретно да се преземе. Во Скопје веќе со години има камери кои требаше наводно да се користат за казнување на несовесните возачи кои ги има во се поголем број, а исто така се поставија сензори на улиците кои требаше да овозможат регулирање на сообраќајот од едно централно место.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGoogle Translatotron ќе може да преведува директно од глас на глас и да го рекреира гласот на говорникот
Следна статијаSamsung започна со развој на 3nm чипови кои ќе стигнат на пазарот за две години
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.