Фото: Shutterstock.com

TikTok започна со тестирање на повеќе класичен формат на прикажување на видеата на нивната апликација, кои се хоризонтални и се прикажуваат на целиот екран. Корисниците кои се дел од тестот ќе можат да притиснат копче на видеата кои се во формат на квадрат или правоаголник, по што тие ќе биде прикажани на целиот екран во хоризонтална позиција.

Ова е нешто што станува популарно кај голем број на објавувачи на содржина на TikTok, иако оваа апликација стана и уште е популарна поради кратките вертикални видеа.Овие видеа како и да е веќе и не се толку кратки, а нивното ограничување прво беше зголемено на три минути, па потоа на десет.

Ваквиот формат сепак не би значел промена на стилот на апликацијата, туку само овозможување на објава на одредени видеа кои не се погодни за вертикалниот формат.

Со ова TikTok дефинитивно навлегува во територијата на YouTube, кои веќе реагираа на популарноста на TikTok со воведувањето на Shorts. Овие видеа стануваат се поважни за YouTube, па оваа година за првпат беа вклучени во топ листата на најпопуларни видеа на сервисот.

Google исто така планира да почне да им овозможува заработка на тие што објавуваат Shorts видеа, со цел да ги направи што повеќе популарни и да земе дел од пазарот на TikTok.

Од кинеската компанија се’ уште не даваат информации за тоа кога може да се очекува оваа новина да им биде пуштена на сите корисници, но се верува дека тоа ќе зависи од исходот на тестирањето. Не треба да изненади ако корисниците сепак не сакаат да гледаат хоризонтални видеа на TikTok.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаTwitter го забрани споделувањето на нечија локација во вистинско време
Следна статијаOppo го претстави Find N2 како најлесниот уред на хоризонтално преклопување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.