Извонредната француска шпионска серија  Биро (The Bureau), со висока оценка на IMDB од 8,7 пристигнува на стриминг-сервисот Pickbox NOW

Критичарите ја споредуваат со серијата Жица (TheWire), истакнувајќи дека тоа што го направи Жица за полициските серии, француската серија TheBureau го прави за шпионските серии на 21-от век. Првата сезона може да се гледа од 28 февруари, а останатите сезони пристигнуваат во март, само на Pickbox NOW!

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?

Францускиот разузнавач Малотру, ценет и талентиран шпион се враќа во Париз по шестгодишна тајна мисија во Сирија. Се обидува да го заборави својот таен идентитет, да обучи млад регрут за тајни задачи и да испита случај на агент исчезнат во Алжир.

Сексот и заведувањето понекогаш се составни елементи на шпионската работа, но Малотру за време на  престојот во Сирија развива вистински чувства кон Надја, убава, но и мажена професорка по историја. Кога дознава дека Надја е во Париз, го прекршува протоколот и го оживува својот таен идентитет за да се најде со неа и тука нештата тргнуваат наопаку!

НАЈДОБРАТА ШПИОНСКА СЕРИЈА НА 21 ВЕК

Паметно, убаво напишана, напната и добро одглумена, Биро е француска серија која се емитува во над 100 земји и навистина стана меѓународен хит. Le Figaro ја прогласи за најдобра француска серија досега, а New York Times ја става на трето место меѓу најдобрите меѓународни серии последната деценија.

Тајниот агент Малотру го игра актерот и режисерот Матје Касовиц(Amelie, Peti element), а критичарите имаат само пофални зборови за неговата изведба. Во светот на шпионските серии нема попривлечна комбинација на карактер и изведба!

СПРЕМНИ ЛИ СТЕ ЗА ШПИОНСКИ МАРАТОН?

Ова е една од сериите кои не се пропуштаат, а целата прва сезона може да се гледа само на Pickbox NOW од 28 февруари. Останатите четири сезони пристигнуваат во март, секоја недела по една сезона. Втората пристигнува на 7 март, третата на 14 март, четвртата на 21 март и петтата сезона на 28 март. Се надеваме дека сте спремни за овој извонреден шпионски маратон, кој не се пропушта!

Биро, само на Pickbox NOW!

Претходна статијаПроф. д-р Орце Симов е нов претседател на ИКТ Комора
Следна статијаДајте музика со најпосетениот музички концерт досега во Ист Гејт Мол