Популарната британска криминалистичка серија Заливот (The Bay) се врати на Pickbox NOW, и тоа со свежа трета сезона која се состои од шест нови епизоди, а од 18 март се емитува и на телевизискиот канал Pickbox TV.

Опишана како детективска криминалистичка серија со елементи на мистерија, Заливот (The Bay) дава драматичен приказ на случувањата во Британскиот Залив и неверојатен саундтрак кој гледачот го вовлекува во фантастична криминалистичка приказна. Третата сезона носи извонредна актерска постава на чело со британската актерка Марша Томасон (Las Vegas, Lost, NCIS: Los Angeles).

НОВА СЕЗОНА СО НОВ ГЛАВЕН ЈУНАК

Главниот јунак на новата сезона е Џен Таунсенд која, штом пристигнува во гратчето Моркам, веднаш ја дочекува хаос. Имено, нејзиниот прв ден на работа наоѓаат тело во заливот. За да ја реши смртта на амбициозен млад боксер, нејзина задача е да му се вовлече под кожа на ужаленото и комплицирано семејство. Иако е желна да му даде одговори на семејството, Џен мора и да се докаже како нова членка на детективскиот тим.

„Џен е многу нервозна првиот ден. Штом доаѓа, веднаш мора да реши комплициран случај. Многу е добра во својата работа, но има мала криза. Кога доаѓа на работа, многу е сосредоточена и не мора премногу да размислува на тоа, тоа ѝ доаѓа природно. Но има луд прв ден“, истакнува главната актерка Томасон.

THE BAY КАКО ПРЕДВОДНИК НА БРИТАНСКИТЕ КРИМИНАЛИСТИЧКИ СЕРИИ

Британските криминалистички серии се вистинско злато, затоа не е чудно што првите две сезони привлекоа преку седум милиони гледачи. Со сосема нова приказна и сосема нова детективка, целата трета сезона на криминалистичка серија Заливот (The Bay) погледнете ја ексклузивно на Pickbox NOW i Pickbox TV.

Претходна статија300 нови работни места за ИТ инженери – HTEC Group го отвори центарот за развој на технологии во Скопје
Следна статија19 години АУЕ-ФОН: Визионерска трансформација на образованието