Skype минатата година претстави поголем редизајн на својата апликација, нешто што не помина баш најдобро кај корисниците. Кога викам не помина добро, мислам повеќе од обично, затоа што голем дел од корисниците се познати по тоа што било која промена на почеток ја критикуваат.

Главната причина за критиките беше што Microsoft се обиде да Skype го приближи повеќе до своите конкуренти со додавање на своја верзија од познатата Stories функција, во Skype именувана како Highlights.

Очекувано, со оглед на тоа што оваа функција до ден денес најмногу се користи на Instagram и Snapchat, корисниците нити ја користеа, а критиките за новиот Skype беа големи.

Мене лично новиот изглед ми се допаѓа, а мислам дека и корисниците немаат проблем со него. Главниот проблем е во тоа што одредени работи беа тргнати или променети, а додавањето на Highlights беше тотално непотребно, а посебно за апликација каква што е Skype.

Со тек на време Microsoft ги врати повеќето ситници кои корисниците ги бараа, како што е на пример ознаката за тоа кој е онлајн и слични. Останаа само новите непотребни функции кои ретко кој ги има користено, а џабе го преполнуваа корисничкиот интерфејс.

Од овој месец, најновите верзии од Skype за сите платформи веќе не ги вклучуваат непотребните Highlights и поврзаната Capture. Наместо нив, на долната лента на мобилните апликации сега стојат само Chats, Calls и Contacts, за што и се користи одамна познатиот Skype.

Од компанијата признаваат дека имаат додадено непотребни функции кои на корисниците им ја имаат отежнато работата со апликацијата.

ИЗВОРSkype
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаРСБСП со апел: Во новата учебна година, со заеднички сили до поголема безбедност на децата во сообраќајот
Следна статијаFirefox тестира блокирање на „следачите“ на интернет како стандарден дел од прелистувачот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.