skype web 2

Skype оваа недела направи промена на сервисот која ја исправи можеби една од најлошите работи кои беа останати од времето кога комуникацијата се извршуваше преку P2P протоколот.

Чудно е што оваа промена не беше ставена со поголем приоритет, со оглед на фактот што сервисот веќе подолг период работи „во облакот“.

Се работи за функцијата за споделување на фајлови, слики, видеа, документи и слично. Досега, кога ќе испративте нешто преку Skype, корисникот на којшто му го испраќате документот, на пример, мораше да биде онлајн за да го преземе, а времето на чекање имаше ограничување.

Исто така, по преземањето на фајлот од еден уред, истиот веќе не е достапен, односно не може да се симне од друг. Тоа значи дека доколку додека сте излезени го симнете фајлот од вашиот мобилен, истиот нема да може повторно да го симнете од вашиот компјутер.

Овие две работи веќе нема да функционираат на овој начин, па конечно ја добиваат предноста на сервис кој работи во облакот.

skype-cloud-files-v11

Отсега, испраќањето на фајловите ќе може да се прави и кога примачот не е онлајн, а тој исто така ќе може да ги симне фајловите повеќе пати, односно на различни уреди.

Фајловите кои се испраќаат имаат лимит од 300 мегабајти, што според Microsoft претставува доволно за повеќето работи кои веќе се споделуваат преку овој сервис. За поголемите фајлови тие препорачуваат да се користи OneDrive, а се разбира на располагање се и другите вакви сервиси како Dropbox и слични.

Новата функција ќе биде достапна за сите корисници на најновата верзија од Skype автоматски, односно нема да има потреба од посебна надградба на програмата и апликациите.

Со ова Skype може да се каже дека значително го подобрува корисничкото искуства и ќе влијае кон задржувањето на бројот на корисници, а посебно деловните, кои се повеќе почнуваат да ги користат конкурентните решенија.

Извор: Skype

 

Претходна статија9-то издание на Викенд Медиа Фестивал
Следна статијаMicrosoft Reaserch претстави апликација која креира линкови од се што правите на мобилните апликации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.