Британската криминалистичка серија Петорка (Harlan Coben’s: The Five) е идеална за сите љубители на познатиот Харлан Кобен, наградуваниот американски писател чии трилери се полни со пресврти и неразјаснети мистерии од минатото. Петорка (Harlan Coben’s: The Five) е првата серија којашто Кобен ја потпишува како креатор, а на стриминг сервисот Pickbox NOW од 8. април ќе бидат достапни сите десет епизоди!

РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА КАКО СЕРИСКИ УБИЕЦ

Дваесет години по исчезнувањето на петгодишното дете Џеси, неговата ДНК се појавува на ново место на злосторство. По оваа шокантна вест, братот на Џеси, Марк (Том Кален) повторно се здружува со своите пријатели од детството: Дени (О.Т. Фагбенли), Слејд (Ли Инглби) и Пру (Сара Солемани), кои биле со Џеси кога исчезнал.

Серискиот убиец Џејкоб Мароси (Раде Шербеџија) тврдел дека го убил Џеси, а семејството на Џеси се откажало од секаква надеж дека некогаш ќе го најде жив. Но дваесет години подоцна, детективот Кенвуд доаѓа на местото на убиството на проститутката Ени, а форензичката анализа на ДНК доказите ја покажува ДНК-та на Џеси. Замрсената мрежа на тајни и шокантни пресврти почнува да се открива, а четирите пријатели од детството повторно се обединуваат за да го најдат исчезнатото дете.

ЅВЕЗДЕНА АКТЕРСКА ПОСТАВА

На чело со Том Кален (Даунтонската опатија) во улогата на Марк, британската мини-серија „Петтемина“ има феноменална актерска постава во којашто во улогата на серискиот убиец се најде и славниот Раде Шербеџија. Во другите улоги се појавуваат О.Т. Фагбенли (Црна вдовица) како пријател на Марк и детективот Дени Кенвуд, Ли Инглби (Хари Потер и затвореникот од Азкабан) како Слејд и Сара Солемани (Бебето на Бриџит Џонс, Лошо образование) како Пру.

Оваа феноменална британска крими мини серија гледајте ја само на Pickbox NOW од 8. април!

Претходна статијаParamount+ го објави првиот официјален „трејлер“ за новата Start Trek серија Star Trek: Strange New Worlds
Следна статијаMicrosoft ги спојува неколку Android тимови под секторот на Панос Панај