Една од најпопуларните теми поврзана со ковид пандемијата во овој период е менталното здравје како нус појава на сите случувања. Но, иако темата е актуелна и има доста разговори околу истата, практични решенија не се понудени.

Едно од малкуте решенија кое го адресира овој проблем е апликацијата Разговор.мк. Се работи за мобилна апликација преку која луѓето може да најдат соодветен лиценциран психолог и да започнат процес на советување по пристапни цени. Постои и можност тоа да го прават комплетно анонимно.

Од денес (27/09/2021), на мобилната апликација за прв пат корисниците ќе можат да водат дигитален дневник за нивното расположение низ одреден временски период на македонски јазик.

Корисниците со само 3 клика можат да го забележат своето дневно расположение и кои активности придонеле за истото да биде присутно.

  1. Ужасно или Одлично

Апликацијата има креирано скалило на расположение кое е едноставно да се користи. Ужасно, Тажно, Онака, Добро или Супер.

  1. Одберете активности

Постојат над 28 различни активности. На пример, “ТВ и серии”, “Романтичен состанок”, “Чистење по дома”, “Советување

  1. Креирај потсетник

Постои и можност за креирање на потсетник со цел креирање на навика кај корисникот за одржливо водење на овој дневник.

  1. Следете го вашиот живот

Апликацијата овозможува детални извештаи и аналитики за расположение и активности преку графици и листи за одреден временски период.

Наскоро, овие податоци корисниците ќе можат безбедно да ги споделат со нивниот лиценциран психолог и заедно да поработат на увиди кои ќе овозможат прецизно да се детектираат навиките кои сакаат да ги променат кај себе.

Мисијата на Разговор.мк е да им овозможи на луѓето да живеат среќни и исполнети животи.

Претходна статијаИНСПЕКТОРОТ РЕБУС – нова британска детективска серија на Pickbox NOW
Следна статијаДа зборуваме за Дина – Dune (2021)