Proton Mail сервисот е познат веќе неколку години како сервис кој нуди шифрирана имејл комуникација. Корисниците кои испраќаат пораки помеѓу себе можат да бидат сигурни дека нивната комуникација нема да биде прочитана од трети страни, но ова сепак не важи за пораките со други сервиси.

Од компанијата, која е лоцирана во Швајцарија, во меѓувреме претставија дополнителни сервиси, исто така со акцент на приватноста на корисниците преку „енкрипција“. Proton Mail сега нуди и Calendar, Drive и VPN.

Поради проширувањето на сервисите и очекување за дополнително проширување во иднина, компанијата оваа недела претстави ребрендирање кое вклучува нови логоа, бои, како и главната промена во името. Тие сега се нарекуваат едноставно Proton, а имаат и нова веб страна преку која може да се пристапи до сите сервиси.

Заедно со ребрендирањето, пакетите кои и досега беа достапни вклучуваат повеќе простор, ограничување на пораките, имејл адресите, календарите и просторот во „облакот“.

Корисниците можат да продолжат да го користат и бесплатниот пакет, но тој останува доста ограничен, а со оглед на тоа дека компанијата не живее од реклами, јасна е потребата да повеќето корисници користат некој од платените пакети.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Proton
Претходна статијаМакедонската платформа „E-ТРГОВИЈА ЗА СИТЕ“ се шири на регионално ниво
Следна статијаA1 Македонија повторно со најбрза мобилна мрежа на територијата на целата држава
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.