Еден од најпознатите сервиси за безбедно чување на лозинки и други важни податоци, LastPass, повторно е пробиен од страна на хакери. Информацијата ја објави директорот на компанијата Карим Тоуба и споделува повеќе детали околу тоа што се има случено.

Според информациите, забележана била невообичаена активност на сервери од трета страна кои ги користат од компанијата, како и една од нивните подружници GoTo. Од направената истрага, за што била ангажирана и безбедносна компанија, а биле известени и властите, било заклучено дека хакерите успешно дошле до одредени информации од корисниците.

Овој пробивање на сервисот е резултат на пробивањето кое се случи во август оваа година кога хакерите имаат дојдено до изворниот код на LastPass, како и документи поврзани со технички информации.

Тоа што го нагласуваат од LastPass е дека и покрај ова пробивање, лозинките на корисниците се безбедни, а во главно поради тоа што тие практикуваат целосно шифрирање на податоците, па само корисниците имаат пристап до нив на нивните уред по внесување на главната лозинка.

Поради ова, од LastPass не препорачуваат промена на главната лозинка, односно тие сметаат дека тоа не е потребно. Дополнително се препорачува користење на дво-факторската автентикација за што од сервисот имаат и посебна апликација за генерирање на кодови.

Повторувањето на ваквите случаи, како и продажбата на компанијата, направија да LastPass сепак загуби од популарноста и бројот на корисници, па се почесто се препорачуваат сервисите како Bitwarden, 1Password и слични.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаМакпетрол: Намалување на цените на природен гас и метан за декември
Следна статијаСе отвори ФабЛаб СКОПЈЕ на Машински Факултет – место каде вашите идеи добиваат форма
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.