Приватноста не беше некоја посебна тема кога е во прашање интернетот, но истото нагло се промени по сознанијата кои ги објавија Едвард Сноуден, Wikileaks и слични. Од тогаш, ИТ компаниите, а посебно тие со број на корисници кои се брои во милијарди, се под притисок да бидат повеќе отворени со информации за тоа што се’ чуваат од корисниците, како и да овозможат алатки за бришење на тие податоци.

Google веќе одреден период овозможува корисниците да ги исклучат одредени прилагодувања за следење и собирање на нивните информации, како и да ги избришат. Подоцна воведоа можност за автоматско бришење на податоците после 3 или 18 месеци.

За да видите дали овие прилагодувања се вклучени на вашата сметка, а и ако сакате да ги проверите, отидете на вашата Google сметка, па на Data & Personalization > Activity Controls. Тука ќе можете да вклучите од неколку категории на податоци, да ги избришете, како и да поставите после колку време тие автоматски да се бришат.

Постојните корисници треба да ги вклучат овие прилагодувања самите, но новите корисници ќе имаат автоматски вклучено податоците да се бришат после 18 месеци. Со тоа корисниците ќе имаат некаква гаранција дека нивните податоци нема долгорочно да стојат на серверите на Google, без самите да го вклучат бришењето.

Сепак, сервисите од Google се така направени да ако сакате да користите одредени функции, мора да се сложите на следење на историјата на отворени страни, пребарани локации и термини и слично.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаHuawei се искачи за 42 места и е на шесто место на листата на BCG на најиновативни компании
Следна статијаЏулиан Асанж дополнително обвинет дека соработувал со познатите хакерски групи LulzSec и Anonymous
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.