Shutterstock.com

Уште се обидувате да се решите како да почнете со некаква физичка активност која е директно поврзана со здравјето, а може да помогне и при одржувањето на саканата тежина, но никако тоа да го направите? Епа Netflix е тука да ви помогне и за тоа, покрај „помошта“ за гледање на филмови и серии.

Од компанијата во соработка со Nike, ги донесуваат видеата кои се достапни на апликацијата Nike Training Club за сите корисници на Netflix. Ќе бидат пуштени повеќе видеа, со што од компанијата најавуваат 30 часа на лекции за вежбање.

Видеата ќе бидат пуштени во две „тури“, односно едната на 30 декември оваа година, додека втората во некој период идната.

Во првата тура ќе биде достапни следните видеа:

  1. Kickstart Fitness with the Basics (13 епизоди)
  2. Two Weeks to a Stronger Core (7 епизоди)
  3. Fall in Love with Vinyasa Yoga (6 епизоди) 
  4. HIT & Strength with Tara (14 епизоди)
  5. Feel-Good Fitness (6 епизоди)

Како што истакнуваат од компанијата, доколку овие видеа не ви бидат прикажани како предлог, можете да ги најдете со пишување на Nike во полето за пребарување.

„Не е секогаш лесно да се мотивирате да вежбате, но можноста да добро се извежбате и потоа директно да преминете во гледање на една од вашите омилени серии или филмови има одредена привлечност. И сега, токму тоа можете да го направите: Непосредно пред новата година, претплатниците на Netflix за прв пат ќе можат да следат фитнес содржини од Nike Training Club.“ – истакнуваат од Netflix.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаСеавус Акселератор инвестира 200.000 евра во стартап компанијата Synapse Aviation
Следна статијаНеофицијален промотивен материјал ги прикажува изгледот и новите бои кај Galaxy S23 серијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.