Netflix ќе пушти втора интерактивна епизода на 10 април

Овој пат епизодата е од BBC серијата „Britain's Biggest Adventures with Bear Grylls“, а гледачите повторно ќе можат самите да го бираат текот на настаните

Black Mirror: Bandersnatch е епизода од познатата серија Black Mirror со која Netflix започна нов стил на гледање на нивната содржина, дотогаш достапна само кај одредени детски серии.

Сигурно нема некој од вас кој нема прочитано барем за оваа епизода, а истата овозможи интерактивно гледање кое му овозможува на гледачот да бира во кој правец ќе се движи дејството, односно случувањата во епизодата.

Овој револуционерен начин на гледање на содржина се покажа како навистина популарен кај корисниците на Netflix, па тие продолжуваат со претставување на втора ваква содржина.

Втората ваква содржина ќе биде од BBC серијата „Britain’s Biggest Adventures with Bear Grylls“. Со оглед на тоа што не се работи за класична серија, туку повеќе емисија, интерактивноста ќе биде навистина интересна и поразлична овој пат.

Серијата е достапна во Македонија, а епизодата која што ќе биде интерактивна се вика „You vs. Wild“, а ќе биде достапна за гледање на 10 април. Видеото на почетокот од статијата е најава од Netflix за оваа епизода.

Логично беше што Netflix се одлучи првата ваква епизода да биде од серијата Black Mirror. Оваа серија во скоро секоја од епизодите користи некоја технологија, како начин да се постигне саканата поента во серијата.

Сепак, со оглед на тоа што корисниците сакаат да гледаат содржина на ваков начин, ќе може да се очекуваат повеќе вакви епизоди, па дури и филмови. Не би требало ова да стане стандарден начин и повеќето филмови и серии да ја имаат можноста, односно ваквиот начин на гледање ќе остане ексклузивен за избрани епизоди од време на време.

Не секој уред има поддршка за гледање на интерактивна содржина, а дали уредот од каде ја пуштате епизодата ја има поддршката можете да познаете по црвената икона со звезда поставена врз сликата.

ИЗВОРNetflix
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаInbox апликацијата од Google престанува со работа на почетокот од април
Следна статијаApple претстави нови iPad Air и iPad mini – нов процесор, поддршка за Apple Pencil и непроменет дизајн
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.