Netflix пред една година претстави нов формат на содржина во својата мобилна апликација кој наликува на Stories од Instagram, односно видео форматот од TikTok. Ова воопшто не е чудно со оглед на популарноста на кратките видеа прикажани во вертикална позиција, па можеби на овој начин ќе им даде на корисниците подобар начин за откривање на нова содржина, а и ќе ја направи апликацијата повеќе популарна кај помладите корисници.

Оваа новина беше наречена Fast Laughs и е замислена да им овозможи на корисниците повеќе забавен начин на разгледување на различната содржина на сервисот. Истата беше пуштена во неколку земји, во главно од англиско говорно подрачје, а до сега достапноста на беше проширена дополнително.

Сега од компанијата продолжуваат со тестирање на Fast Laughs и функцијата е достапна и на телевизорите, иако една ваква можност повеќе делува дека е погодна за мобилните.

Сепак, целта на Netflix не е чисто овозможување на формат сличен со тој на TikTok, па може да се каже дека имплементацијата на телевизорите претставува одличен начин за откривање на што ново да се гледа, на интересен начин секако.

За разлика од остатокот од апликацијата каде алгоритамот е главен во препораките на содржината, Fast Laughs прикажува содржина која е избрана од страна на Netflix.

Ова може да се погоди доста добро за некои корисници кои на овој начин ќе откријат нешто ново, но за други може само да ја направи функцијата доста досадна и некорисна.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаДојче Телеком на Светскиот конгрес за мобилна технологија – MWC Барселона: Фокус на технологија за луѓето
Следна статијаA1 Македонија петта година по ред со едукација на децата за безбедно користење на интернет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.