Фото: Shutterstock.com

Netflix Profile Transfer алатката беше претставена во октомври минатата година во главно поради планот на компанијата да почне да не го дозволува популарното споделување на лозинката помеѓу корисниците.

Оваа мерка засега не е почната во Македонија, а засега и не се очекува такво нешто, но никогаш не се знае. Сепак, префрлувањето на профилот на друга сметка може да се направи и поради други потреби, па алатката не е целосно некорисна.

Во САД и уште неколку земји Netflix започна со наплата на корисниците кои гледаат од иста сметка, а не се дел од истото домаќинство. Оваа мерка во главно беше воведена поради падот на бројот на претплатници на сервисот, па наместо одговорноста за тоа да ја бараат во лошата содржина, тие решија да ги претворат во нови корисници тие кои ја користат лозинката на нивните пријатели.

Како и да е, Profile Transfer алатката сега овозможува префрлување на профилот од корисникот, кој ги содржи неговата историја на гледање, предлози, листите, прилагодувањата, па дури и иконата на профилот, на постоечка сметка.

Ова е ново поради тоа што досега беше можно да се префрли профилот на нова сметка, односно сметка која се креира при процесот на префрлување.

Корисниците кои веќе не сакаат да користат туѓи сметки, а некогаш имале креирано своја, можат да го префрлат својот профил на истата.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаiPhone 15 серијата ќе користи технологија кај батериите која ќе овозможи поголем капацитет и подолг век на нивно траење
Следна статијаYouTube тестира едноставен начин за зголемување на брзината на видеото
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.