Shutterstock.com

Netflix минатата недела донесе одлука која можеби ќе ги изненади дел од луѓето, а дефинитивно ќе им донесе поени како компанија. Тие ќе почнат да ги откажуваат претплатите на корисниците кои подолго време на го користеле сервисот, а уште плаќаат за него.

Според компанијата, корисниците кои немаат гледано ништо на сервисот година дена од кога се имаат претплатено или тие кои престанале да гледаат содржина повеќе од две години, ќе добијат известување преку мејл и апликацијата.

Доколку овие корисници не одговорат на известувањето, односно не кажат дека сакаат да ја задржат својата претплата, од Netflix автоматски ќе ја откажат истата. Во наредните 10 месеци корисниците ќе можат повторно да се претплатат на сервисот, а сите нивни прилагодувања и податоци ќе бидат зачувани, односно достапни.

„Го знаете она длабоко чувство кога ќе сфатите дека се имате претплатено за нешто, но не сте го користеле со векови? Во Netflix, последното нешто кое би го сакале е да луѓето плаќаат за нешто кое не го користат.“ – истакнаа од Netflix.

Бројот на неактивни корисници изнесува неколку стотици илјади, но тоа е само половина процент од вкупната бројка на корисници која ја има овој познат сервис. Од компанијата истакнуваат дека овие корисници веќе се пресметани во нивните финансиски резултати.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Netflix
Претходна статијаКако да ослободите простор на вашиот диск по инсталација на Windows 10 надградба
Следна статијаФИТР: Отворен јавен повик за компании – носители на брзо економско заздравување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.