Фото: Shutterstock.com

Јасно е дека доколку Netflix сакаат нивните игри да бидат поголем фактор на пазарот, односно да бидат повеќе популарни и играни, истите ќе мора да бидат достапни на сите видови на уреди, а не само на мобилните како што е сега случајот. Сега исто така, игрите се инсталираат, па планот за во иднина да се „стримуваат“ како филмовите и сериите, дефинитивно ќе го промени кон подобро овој дел од сервисот.

Дел од кодот откриен во iOS верзијата од Netflix, ни покажува што планираат од компанијата во иднина. Од кодот се гледа дека iPhone телефонот ќе може да се користи како „контролер“ за играње на игрите кои би станале достапни и на телевизорите.

На овој начин корисниците нема да треба да купуваат ништо дополнително за да можат да ги играат игрите, па кога истите ќе може да се „стримуваат“ и веднаш да се играат, сигурно тие ќе бидат доста повеќе популарни од сега.

Делот од кодот гласи „Игра на вашиот телевизор и треба контролер за да може да се игра. Дали сакате да го користите овој iPhone како контролер за игри?“.

Јасно е што може да се очекува, но сепак не знаеме кога може да се очекува вакво нешто.

Иако кодот сега е откриен кај iPhone верзијата од Netflix, не гледаме зошто оваа можност не би била достапна и за Android корисниците кога ќе биде пуштена во иднина.

Netflix сериозно работат на „гејминг“ делот од нивниот сервис кој започна во 2021, а минатата година дури беше формирано и сопствено студио за развој на игри, покрај купувањето на неколку.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаGoogle Chrome конечно добива „режим за читање“, но не каков што би очекувале
Следна статијаУредот за проширена реалност од Apple изгледа повторно е одложен
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.