Фото: Shutterstock.com

По информациите дека новиот пакет со реклами на Netflix се има покажано одлично, од компанијата го укинаа основниот пакет, кој досега беше најевтин, во Канада. Ова е една од земјите каде Netflix ги започнува промените, па тоа беше и случајот со почетокот на наплата на корисниците кои не се дел од истото домаќинство.

Корисниците во Канада сега ќе имаат избор помеѓу основниот пакет со реклами, стандардниот пакет и премиум пакетот. Со други зборови, тие веќе ја немаат можноста да користат поевтин пакет само за еден корисник без реклами, па доколку не сакаат да ги гледаат рекламите, ќе мора да земат еден од поскапите пакети.

Со оглед на тоа што новите промени не се достапни во целиот свет, па со тоа и во нашата земја, не е познато кога може да ги очекуваме, но сепак логично е да се очекува дека некогаш во иднина ќе стигнат и кај нас.

Инаку, основниот пакет со реклами на Netflix им има донесено повеќе пари од стандардниот пакет, иако тој е поскап за околу 10 долари. Разликата не само што се надоместува со рекламите, таа значително и се надминува.

Доколку рекламите не се прикажуваат многу често, пуштањето на ваквиот пакет може да се покаже како одличен за корисниците, кои плаќаат помалку, но и за Netflix кои имаат доста поголема заработка.

Засега нема најави дека некои од овие новини би биле пуштени во нашата земја, каде цените беа и намалени оваа година.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаЗавршна изложба и хуманитарна аукција на уметнички фотографии за заштита на птиците во Македонија
Следна статијаYouTube Playables е нов сервис за игри кој го тестираат од Google
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.