Mozilla

Mozilla, познатата организација која стои зад развојот на Firefox прелистувачот, се одлучи да откаже два од нивните дополнителни сервиси кои во изминатиот период ги има повеќе. Дополнителните сервиси функционираат под брендот на Firefox, а од организацијата сериозно ги развиваат.

Двата сервиси кои ќе бидат откажани се Firefox Send и Firefox Notes. За првиот може да се каже дека се имаа големи надежи и корисниците сигурно се повеќе го користеа. Вториот, Firefox Notes не сме сигурни колку бил користен, па и не е нешто чудна одлуката за неговото откажување.

Firefox Send во основа е конкуренција на популарниот WeTransfer, односно на корисниците им овозможуваше испраќање на датотеки, во случајот на Firefox како што би се очекувало од овој бренд, шифрирани за подобра приватност.

Причината за откажување на овој сервис е тоа што истиот станал популарен помеѓу корисници кои споделуваат малициозни датотеки, по што од Mozilla го исклучија во текот на летото, тогаш најавувајќи ја одлуката како привремена и дека ќе се најде некое решение.

Сепак од организацијата на крајот се одлучија да го откажат сервисот, а според информациите, поголемиот дел од вработените кои работеле на неговиот развој се отпуштени, а дел префрлени на други проекти.

Од Mozilla истакнуваат дека вниманието ќе им биде насочено кон развојот на другите комерцијални сервиси како што е Mozilla VPN и Firefox Monitor.

ИЗВОРMozilla
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаIKEA и Asus работат заедно на претставување на евтин мебел и додатоци за гејмерите
Следна статијаТелефонот кој долго се очекуваше – Samsung Galaxy Z Fold2 пристигна во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.