onedrive-devices

Во една од најнепопуларните одлуки на компанијата во изминатиот период, Microsoft го откажа неограничениот простор на OneDrive, а тој од 15 GB за корисниците кои што не се претплатени, го намали на 5 GB.

Намалувањето на 5 GB важи како за новите, така и за постојните корисници, па дури и тие кои што имаат собрано дополнителен простор преку промоциите, како што е таа за вклучување на Camera Backup (+15 GB).

Причината за овие промени е промената на политиката на компанијата за тоа што треба овој сервис да претставува и од кој вид на корисници треба да се користи. Со други зборови, OneDrive е дополнување на другите сервиси на компанијата, па корисниците кои што сакаат да ги чуваат сите свои филмови и слични големи фајлови, тоа може да го направат на некој конкурентен сервис или да се ограничат на 1 TB.

Главните критики, очекувано, сепак дојдоа од корисниците на бесплатниот простор. Тие губат значителен простор за складирање кој што намален на 5 GB не врши баш работа во денешно време.

Корисниците дури потпишаа еден вид на петиција на User Voice страната на OneDrive, каде што повеќе од 70.000 корисници гласаа за враќање на просторот.

Microsoft минатата недела им одговори на овие корисници, односно информира дека сепак дел од одлуката ќе биде променета.

Што останува непроменето ?

Неограничениот простор за корисниците нема да се врати. Тоа значи дека најмногу што може еден корисник да земе на OneDrive со една претплата е 1 TB, по што ќе мора да доплати доколку сака повеќе. Овој простор следува и со Office 365 пакетите кои што вклучуваат и дополнителни работи.

Бесплатниот простор на OneDrive за новите корисници, исто така останува непроменет, односно 5 GB. Како ова ќе влијае на угледот на сервисот и компанијата ќе покаже времето.

Кои се воведените промени ?

Она кое што Microsoft го враќа како резултат на протестирањето на корисниците е просторот за постојните корисници. Сите корисници кои што имаат 15 GB или 30 GB, просторот ќе можат да го задржат, односно промените да не важат за нив.

Најважниот дел од оваа промена е потребата од пријавување за задржување на просторот која што може да се направи преку следниот линк најдоцна до 31 јануари 2016.

Исто така, за корисниците на бесплатен простор кои што користат повеќе од 5 GB, Microsoft ќе овозможи добивање на Office 365 Personal 1 година бесплатно која што вклучува 1 TB простор за складирање.

Останатите корисници кои што користат повеќе од 1 TB, ќе имаат рок од 1 година да продолжат да го користат тој простор, по што ќе може да добијат рефундирање на парите доколку не се задоволни од промените.

Извор: User Voice, The Verge, PCWorld

Претходна статијаКако твојот компјутер да го претвориш во хотспот за Интернет
Следна статијаМожно претставување на трет OnePlus модел со уште помал екран
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.