Announcing-a-free-offer-for-Skype-Meetings-1b

Microsoft оваа недела претстави нов онлајн сервис наменет за малите бизниси кој треба да им овозможи едноставни и бесплатни видео конференциски разговори.

Skype Meetings, кој сега за сега ќе биде достапен само за корисниците во САД, е сервис до кој се пристапува преку интернет прелистувач. Корисниците можат да креираат конференциски разговори за до 10 учесници, бројка што ќе се намали на 3 после 60 дена, преку едноставно добивање на линк којшто го испраќаат до корисниците.

skype-meetings-replace-1024x620

При конференциските разговори достапни се одредени можности како споделување на екранот, споделување на PowerPoint презентација, контрола на звукот на сите учесници и слично.

Во основа, Skype Meetings е наменет како сервис кој треба да биде послаба и бесплатна алтернатива на Skype for Business кој им е достапен на корисниците со месечна претплата. Вториот сервис очекувано овозможува многу повеќе можности, меѓу кои и 250 учесници на еден конференциски повик.

Во САД корисниците ќе можат да се регистираат за користење на сервисот преку користење на деловна имејл адреса од компанија која нема Office 365 претплата, што и ја покажува намената на овој сервис.

Извор: Office Blogs, TechCrunch, VB

Претходна статијаКако ќе изгледаат новите Nexus телефони кои ќе бидат претставени оваа година?
Следна статијаПрви рендери од Honor 8, поевтиниот телефон од високата класа на Huawei
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.