Кога минатата година читавме за конечното претставување на криптовалутата од Facebook, мислевме дека многу работи ќе се променат на овој план, предводени од таа валута, Libra. Поддршката од компании како Visa, Mastercar, eBay, PayPal и слични, само даде на значење на организацијата која беше направена да ги води работите.

Сепак, излегувањето на овие компании од Libra Association, почна да укажува на тоа дека работите не одат како што треба, иако Facebook до ден денес остана еден од главните поддржувачи.

Информациите се дека властите во повеќе земји, поточно регулаторните тела и централните банки, имаат искажано загриженост за влијанието на финансиската стабилност која Libra би ја имала, како и можноста за нарушување на приватноста и падот на монетарната контрола.

Libra Association, а со тоа и валутата Libra, оваа недела најавија дека го менуваат своето име во обид да со промените кои ги имаат направено да добијат одобрување од властите за почеток со работа.

Новото име на валутата е Diem, а и организацијата е преименувана во Diem Association. Facebook останува еден од најголемите поддржувачи на валутата, па може да се каже дека тоа кажува доста за иднината на овој вид на валути.

Нема информации за тоа кога може да се очекува почетокот на работа на Diem, но според некои извори тоа може да биде уште во јануари идната година.

ИЗВОРVB
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаQulcomm го претстави Snapdragon 888 5G чипот на кого ќе работат најдобрите смартфони во 2021
Следна статијаФИТР: Македонскиот стартап екосистем е нашиот стратешки приоритет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.