Фото: Shutterstock.com

Spotify, се’ уште најпознатиот сервис за стриминг на музика, уште во 2021 година најавија дека планираат да пуштат можност за слушање во повисок квалитет, односно во „High Fidelity – Hi-Fi“ квалитет.

Сепак, скоро две години од оваа најава, која требаше да биде остварена до крајот на 2021, нема никакви знаци до каде е работата и кога би можеле да очекуваме вакво нешто од Spotify, ако воопшто веќе и треба да го очекуваме.

Во интервју за Decoder од The Verge, Густав Содерстром ко-претседател во Spotify, истакнува дека плановите за воведување на Hi-Fi не се откажани, само што тој не сака да открие кога може да се очекува конечното пуштање за корисниците.

Според одговорите што ги дава, изгледа дека главниот проблем е наплатата на овој квалитет, нешто што од Spotify сакаат да го направат да е поскапо од Premium пакетот, додека нивните конкуренти како Apple Music немаат посебна цена, па Hi-Fi квалитетот е достапен на стандардните претплатници.

Неофицијалните извори истакнуваат дека од Spotify веќе ја имаат префрлено целата база на музика на Hi-Fi, а вработените имаат пристап до истата, што значи дека техничкиот дел не е проблемот на чие решавање се чека.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаПогледнете го „трејлерот“ од филмот за еден од најпознатите мобилни телефони „Blackberry“
Следна статијаСе одржа конференција Pitch.Match.Grow vol. 2 насочена кон поддршка за интернационален настап на домашните стартапи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.