Google Maps добива нов „слој“, покрај тие за сообраќај, јавен превоз и слични, преку кој ќе се добиваат информации поврзани со COVID-19. Вклучувањето на информациите се прави преку копчето на горниот десен дел од апликацијата, а ќе бидат достапни за сите региони во светот. Пуштањето на овие информации оди постепено, односно доколку уште не ви е достапна можноста, истата треба да им стане достапна на сите во неделите што следат.

По вклучувањето на можноста од страна на корисникот, ќе му бидат прикажани бројки за регионите кои ги гледа. Бројките ќе бидат просек на новозаболени луѓе во изминатите седум дена на 100.000 жители, а ќе има и ознака, стрелка, која ќе покажува дали таа бројка е зголемување или намалување од претходниот период.

Од Google оваа новина ја промовираат како корисна кога некој сака да патува некаде, а секако Maps се користи за таа намена. Доколку некој сака да се информира за бројките во местото каде живее, тоа може да го направи на многу други начини.

Информациите кои ќе се користат за прикажување на бројките од Google ќе ги собираат од повеќе места, како што се Johns Hopkins, The New York Times, Wikipedia, а се истакнува дека овие извори ги собираат своите информации од организации како што се Светската Здравствена Организација, министерствата за здравство во земјите и слично.

На мапата ќе се прикажува и различна боја зависно од бројот на нови случаи, па така сивата боја ќе означува мал број, додека темно црвената поголем број на случаи.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаПри развојот на Windows XP Microsoft имал вклучено тема која наликувала на Mac OS
Следна статијаОтворен повик за учество на NASA хакатонот за вселенски иновации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.