gmail-one-bilion

После толку компании коишто објавија дека некој од нивните сервиси ја има поминато границата од 1 милијарда активни корисници во месецот, веќе ваква вест можеби и не се чини толку интересна.

Сепак, бројката е за почит, па без разлика од колку сервиси е помината, вреди да се истакне кога некој ќе успее да ја достигне.

При објавувањето на финансиските резултати од работењето за минатата година на Alphabet, истакнато беше дека Gmail ја има поминато границата и сега има повеќе од 1 милијарда активни корисници во месецот.

Оваа информација не само што не е за изненадување, туку повеќето сигурно сме очекувале бројката да била и порано надмината. Сепак, дали некој од нас познава некој којшто нема Gmail сметка.

Со ова Gmail се приклучува на другите сервиси од Google коишто имаат повеќе од милијарда активни корисници, односно YouTube, Search, Google Maps, Android и Chrome.

Дополнителна информација којашто беше исто така објавена е дека 10% од одговорите на пораките преку Gmail се направени со користење на функцијата за автоматско одговарање. Ова не сме сигурни дали би важело за нашата земја.

Извор: VB, Engadget

Претходна статијаAMD лансира нови три процесори, но сеуште чекаме на “Zen” архитектурата
Следна статијаПокажи ги своите дизајнерски и програмерски вештини и креирај своја блог платформа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.