gmail-f

Gmail како еден од најмногу популарните email сервиси, можеме да видиме дека активно работи на подобрување на безбедноста во комуникацијата. Веќе подолг период пораките кои што се испраќаат се преку шифриран протокол, па корисниците кои што го користат серверот можат да бидат посигурни дека некој нема да ја пресретне нивната комуникација.

Преку својот блог Google оваа недела извести дека тие во соработка со два универзитети, поточно University of Michigan и University of Illinois, имаат работено на истражување поврзано со безбедноста на email комуникацијата, односно нејзината еволуција во последните две години.

gmail graphic

Врз основа на ова истражување имаат дојдено до заклучок дека иако комуникацијата помеѓу два Gmail корисника е шифрирана, а исто така и голем дел од комуникацијата со други email сервиси, сепак останува голем дел кој што не е.

Тие имаат дојдено до заклучок дека има региони во светот кои што работат на пресретнување на комуникацијата преку упаѓање во SSL шифрираната комуникација, како и DNS сервери кои што пренасочуваат кон малициозни страни.

За таа цел, Gmail во месеците што следат ќе започне да ги известува корисниците кога имаат добиено порака од сервис кој што не користи шифриран протокол за комуникација. Корисниците во тој случај ќе знаат да бидат повеќе внимателни отворајќи ја пораката, како и што е тоа што ќе го вратат назад, доколку сепак се работи за познат испраќач.

Извор: Google, TechRadar

Претходна статијаFacebook Safety Check ќе се користи и за човечки предизвикани непогоди
Следна статијаСмартпортал неделник 09 – 15 ноември 2015
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.