unity-logo

Компјутерските игри и натаму се исклучително успешни и покрај најавите дека игрите за смартфоните ќе го намалат нивното користење од страна на гејмерите. Затоа, Facebook планира нова платформа за игри во соработка со Unity, која во почеток ќе ги содржи сите популарни веб наслови, како Candy Crush, но истата нема ограничување на хардверот, што значи дека може да се очекува на неа во иднина да има и многу посериозни игри наменети за моќните гејмерски PC-a.

Игрите треба да бидат целосно интегрирани во Facebook мрежата, а нивниот развој за дивелоперите ќе биде достапен уште од 31 август, кога Unity 5.4 платформата ќе биде пуштена во рана, алфа верзија. Корисниците ќе можат да пристапат на сите овие игри со својот Facebook профил, но самата платформа ќе биде посебно дизајнирана со цел да не им пушта на гејмерите непотребни информации, како нотификации од профилот и/или новости од почетниот екран.

Facebook платформата инаку ќе биде достапна за сите компјутери, не само оние со Windows, што е одлична вест за вљубениците во Linux оперативниот систем и оние на Mac OS X.

Во почеток на платформата ќе ги има сите популарни игри од паметните телефони, но Facebook планира и големи PC наслови за во иднината, за што помага соработката со Unity, кои ја имаат една од најдобрите алатки за развој на компјутерски игри во светот.

Бидејќи Facebook е сопственик и на Oculus, скоро сум сигурен дека оваа платформа ќе биде полна и со VR игри.

Според сето ова, Facebook би можел да има вистински победник со овој нов еко систем за игри – во почетокот ќе бидат достапни популарните игри кои можат да привлечат повеќе корисници и да ја популаризираат платформата, а потоа таа популарност ќе може полесно да се префрли на хард кор гејмерите. Секако, за добар успех и дивелоперите ќе треба да имаат поголем процент на заработка од самите игри, за што има информации дека Facebook добро ќе се погрижи.

Извор: TechCrunch, The Next Web, Unity

Претходна статијаОфицијалната Facebook апликација за Windows 10 Mobile достапна за сите корисници
Следна статијаIntel ги најави новите Kaby Lake процесори, ќе имаат многу помоќна графика