1b-newsroomheader

Facebook во текот на вчерашниот ден излезе со информација дека ја имаат достигнато бројката од 1 милијарда корисници на Messenger во текот на месецот. Со тоа, Messenger станува дел од група на апликации која е составена од само неколку други, што се разбира е огромен успех.

Бројката покажува, нешто што повеќето од нас го знаеме, дека скоро и да нема некој којшто не ја користи оваа апликација за разговори. Меѓутоа, како што гледаме, Messenger со тек на време стана многу повеќе од обична апликација за разговори, па новите можности сигурно имаат голем удел задржувањето на популарноста и со тоа постигнување на оваа бројка.

Интересно е што уште еден сервис за разговори кој е во сопственост на Facebook ја има достигнато оваа бројка на активни корисници. Апликацијата е WhatsApp, а Facebook ја купи пред 2 години.

Корисниците можат да откријат одредено изненадување од Messenger за оваа пригода. Со испраќање на emoji од балон, од Facebook истакнуваат дека е интересно да се види што ќе се случи.

Извор: Facebook

Претходна статијаViber за Windows 10 официјално достапен – бета ознаката тргната
Следна статијаПрестанува производството на VHS видео плеери овој месец
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.