Фото: Shutterstock.com

По Netflix, кој веќе не може да се споделува со пријателите од јули оваа година, сега и Disney+ сака да ги претвори сите овие корисници во нови корисници кои плаќаат посебна претплата.

Дека вакво нешто се размислува во компанијата можевме да прочитаме минатиот месец, па еве сега планот започнува со реализација.

За почеток, ограничувањето на можноста на гледање на сервисот од страна на корисници кои не се дел од истото домаќинство, е започнато во Канада, па нема информации кога може да се очекува и во остатокот од светот.

Со оглед на тоа што првите најави беа дека овој план ќе почне да се реализира дури идната година, верувам дека неговата имплементација во остатокот од светот ќе започне и заврши идната година.

Не е чудно што компаниите се решија да започнат со вакви ограничувања во овие години. Кризата која започна со короната и стана посериозна со украинската војна, донесе поскапување на сите производи и услуги, а компаниите гледаат како да дојдат до нови извори на приходи.

Бројот на корисници кои не плаќаат за сопствена претплата затоа што ја користат сметката од своите пријатели, кај Netflix барем се сметаше дека е околу 100 милиони. Тоа е голема бројка на потенцијални нови корисници.

Исто како и на Netflix, корисниците на Disney+ ќе имаат можност да доплатат за корисниците кои не се дел од нивното домаќинство, но цените обично се доволно високи за да на крајот повеќе се исплати да се креира сопствена нова сметка.

Инаку, како дел од едно домаќинство се сметаат уредите кои се поврзани на истата мрежа, кратко кажано, па на овој начин лесно се одредува кој е пријателот кој не живее со сопственикот на сметката.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаVivaldi прелистувачот стана достапен на iOS
Следна статијаHonda го претстави нивниот прв целосно електричен SUV
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.