Фото: Shutterstock.com

Директорот на Disney најави дека од компанијата сериозно размислуваат да започнат со промена на правилата поврзани со споделување на сметките од нивните сервиси, меѓу кој е и Disney+.

Ваквите сервиси се познати по тоа што неколку пријатели ја делат сметката и поради можноста за креирање различни профили, тие поминуваат поевтино во споредба да претплатата ја плаќаат секој посебно.

Netflix започнаа со кратење на оваа практика, па истата се очекува да почне да се применува и во нашата земја наскоро.

Кратко кажано, на компаниите не им одговара да корисниците ја делат претплатата, кога тие можат да имаат посебни сметки и да плаќаат посебни претплати.

Не е позната бројката на корисници кои делат сметки кај Disney, но ако се спореди со Netflix, компанијата „губи“ десетици милиони корисници, кои секако не сите би станале корисници доколку мораат да плаќаат целосна сума.

Од компанијата се’ уште немаат точни информации за тоа кога би почнале со промената на правилата, но се најавува дека тоа би се случило идната година, иако се остава простор да тоа биде и во 2025.

Со ваквите одлуки од компаниите, голем дел од корисниците ќе мора да изберат еден или два сервиси кои ги гледаат, ако не сакаат да плаќаат повисоки суми, кои добро е што во земјите како нашата не се на ниво на американските.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаMessenger ја откажува поддршката за SMS пораки
Следна статијаThreads ја доби првата функција која води кон најавената поврзаност со ActivityPub протоколот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.