Аплицирај.мк со онлајн локација www.apliciraj.mk претставува нова иновативна платформа коjа ги споjува сите кои бараат работа, пракса, надоградување на своите вештини и знаење со сите компании кои имаат отворени работни позиции и пракса, како и компании кои работат и нудат услуги во делот на неформално образование.
Изграден врз основа на зголемување на транспарентноста на работното место, Аплицирај.мк ги нуди најновите Огласи за работни позиции и пракса, податоци за Компании, извештаи за плата и ниво на позиција, прегледи за бенефити, компаниски фотографии и повеќе. За возврат, активните баратели на работа се повеќе информирани и полесно донесуваат одлука за кои работни места и Компании да аплицираат и кон чии тимови сакаат да се приклучат.
Работејќи на подобрување и олеснување на процесот на аплицирање за активните баратели на работа, Аплицирај.мк како платформа нуди информации и за оние кои сакаат да се надоградат и доусовршат на одредено поле и да стекнат нови знаења, како и за Студентите кои се подготвуваат за својот кариерен пат.
Аплицирај.мк ги обединува сите активни Огласи за работа, Објави за пракса, почетна позиција за работа, стипендии, натпревари и конкурси за Студенти, академии, школи, курсеви, обуки, конференции и други настани од едукативен карактер од неформално образование на едно место, со само еден клик кон Аплицирај.мк. Со тоа се овозможува лесна достапност и увид на сите потребни и корисни информации за градење на својот професионален профил на една платформа.
„Внимаваме на секој детал, затоа што за нас е значајно секое индивидуално доживување и посакуваме секој наш посетител да има уникатно искуство дека навистина се наоѓа на Најдобриот веб-сајт за пребарување Огласи за работа и корисни информации за својот кариерен пат.
Заедно да ја создадеме најдобрата платформа која ќе Ве поврзува сите Вас, создавајќи го најдоброто искуство, со само еден клик кон Аплицирај.мк.“