Shutterstock.com

Netflix „конечно“ започна со неколку годишните најави за прекинување на практиката на споделување на лозинката, односно сметката со повеќе корисници. Од компанијата започнаа со наплата за еден дополнителен корисник кој не е дел од истото домаќинство во САД, а цената за тој корисник не е баш ниска и истата изнесува 8 долари месечно.

Добро е што засега нема најави за проширување на оваа новина во други земји, па и во нашата, а ќе видиме како ќе се одвиваат работите на тој план.

Конкурентот на Netflix, Amazon Prime Video, преку својот британски Twitter профил, објави слика која е директен „напад“ на новата практика на компанијата. Сликата е ставена врз одговор на објава од Netflix од 2017 година, во која тие истакнуваат дека љубов е споделување на лозинката.

Сликата е од почетниот екран на Amazon Prime Video апликацијата, односно во делот каде се бира профилот на корисникот кој ќе гледа содржина. Различните профили се заменети со зборовите „Сите кои ја имаат нашата лозинка“.

Проблемот со одлуката на Netflix е што многу корисници ја споделуваат својата сметка само помеѓу членовите од семејството кои не живеат на исто место. Прашање е кој ефект ќе го има ова и дали корисниците се спремни да почнат да плаќаат за сопствена сметка.

Претходна статијаiPhone ќе биде претворен во паметен екран со iOS 17
Следна статијаWindows 11 добива вградена поддршка за „rar“ и уште неколку датотеки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.