За популарноста на Tesla автомобилите нема потреба да разговараме. Нема кој не би сакал да има еден од овие автомобили кои покрај тоа што се целосно електрични, тие се полни со технологија, како и познатиот Auto Pilot систем, кој голем број на корисници го користат како целосно автономен.

Сепак, покрај цената на овие автомобили, која е прилично висока за стандардот во земји како нашата, друга пречка за купување барем на одредена бројка на Tesl-и e и можноста за полнење на автомобилот.

Бројот на достапни полначи во земјата е премногу мал, па сопствениците мораат да најдат некое алтернативно решение за полнење на батеријата.

Елон Маск преку Twitter најави дека идната година планира 100% покривање на Европа со супер-полначите од Tesla. Овие полначи се специјално направени да побрзо ја полнат батеријата на автомобилите, па сигурно се повеќе привлечни од обичните полначи.

Доколку се отвори мапата на покриеност, на која стојат и планираните места каде ќе биде поставен полнач, може да се види и Скопје. Кога ќе се земе во предвид дека од идната година ќе биде донесен законот кој ќе овозможи продажба на струја на пазарот од повеќе правни субјекти, може да очекуваме дека во планот за покривање на Европа, ќе биде вклучен и нашиот град.

Во основа, сопствениците на Tesla, ќе мора да имаат и попатни станици кога одат спрема Грција и слично :).

ИЗВОРMashable
Претходна статијаNetflix ја пушти интерактивната епизода од Black Mirror во која корисниците ќе може да ја бираат приказната
Следна статијаWindows 10 конечно го помина Windows 7 по број на корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.