TllSp1

Доколку сакате да ја дознаете “тајната состојка” на вашето омилено јадење, или пак сакате да проверите дали храната која ја купувате содржи одредени алергени и хемикалии кои може да му наштетат на вашето здравје, тогаш TellSpec  е вистинскиот геџет за вас.

TellSpec е во основа минијатурен спектрометар – уред што може да анализира материјали (во овој случај состојки) преку мерење својствата на светлината.

Како функционира?

Светлината е составена од честички наречени фотони. Во TellSpec  е содржан ласер од класата 3A кој кога ќе го насочите кон храната апсорбира дел од фотоните, подигајќи ги енергетските состојби на молекулите во храната. Фотоните со пониска енергија се рефлектираат назад. Спектрометарот вграден во TellSpec ги подредува фотоните по бранова должина и ги брои. Добиените бројки, наречени спектрум, го опишуваат хемискиот состав на храната.

Овој спектрум, преку апликација инсталирана на вашиот телефон, се праќа на анализа каде што се споредува во корелација со други референтни спектри. Веднаш потоа на вашиот екран добивате повратна информација која содржи детали за алергените, хемикалиите, хранливите материи, калориите и состојките во храната.

TllSp2

TellSpec има поддршка за iOS и Android, а за поврзување со вашиот телефон/таблет користи Bluetooth 4.0. Уредот е со димензии од 8.5 x 5.5 x 1.6 сантиметри, тежи 80 грама и може да се носи како привезок на вашите клучеви.  TellSpec ќе биде достапен во продажба наредната година по цена од 150 долари.

Претходна статијаFacebook дозволи менување на веќе објавените статусни пораки
Следна статијаParallels Desktop 9 – користете Windows на Mac компјутер