Lets Go Digital

Иако некогаш се прашуваме дали на сите овие мобилни телефони и паметни часовници имаме потреба од паметни патики, меѓутоа Samsung изгледа смета дека имаме. Сепак, во патиките може да бидат вградени сензори кои уште поточно ќе ги мерат потребните спортски параметри, а предност ќе имаат во споредба со другите уреди со тоа што сепак ќе бидат веднаш долу до “случувањата”.

Samsung Star 10 е името до кое имаат дојдено од Lets Talk Digital порталот разгледувајќи патент од компанијата.

Според овој патент Samsung ќе претстави две варијанти од патиките кои ќе имаат нешто различен изглед.

Кај двата модели чипот и сензорите ќе бидат поставени на задната страна, веднаш над петата. Овој чип ќе може да ги мери сите потребни параметри при спортувањето, а истите да ги синхронизира со другите уреди, односно како со мобилен уред, така и со паметен часовник.

Може да замислиме дека вакви патики би биле како дополнување на паметните часовници, со што овие два “уреди” во комбинација би биле вистинскиот избор за спортистите, но и за аматерите кои сериозно ја сфаќаат својата активност.

Се верува дека Samsung ќе ги претстави официјално овие патики на крајот од овој месец на CES 2019 во Лас Вегас или на крајот од февруари на MWC 2019 во Барселона.

ИЗВОРT3
Претходна статијаGoogle Chrome на десктоп треба да добие темна тема наскоро
Следна статијаHuawei го претстави новиот HUAWEI P smart 2019, кој нуди целодневна батерија, поголем екран и AI Dual камера
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.