gear-vr

Samsung на настанот IFA во Берлин покрај тоа што го претстави новиот Galaxy Note 4 претстави и додаток кој ќе ве воведе во еден нов свет. Бежичниот уред ќе биде дел од големото семејство Gear, но нема да го мери вашиот крвен притисок или колку чекори сте направиле во денот. Samsung Gear VR Innovator ќе им овозможи на корисниците да влезат во една поинаква кинематографска виртуелна реалност. Зад овој проект покрај корејскиот гигант стои секако и Oculus Rift, кои седел од Facebook.

Новата генерација фаблети на Samsung директно може да се поврзе со сетот за виртуелна реалност. Комплементарниот уред засега работи само со Galaxy Note 4. Корејскиот гигант Samsung сериозно ја сфаќа конкуренцијата во секое поле.

oculus-rift-inside_0

Sony го има проектот Morpheus, Google картонскиот концепт за виртуелна реалност, додека корејците решија да не експериментираат многу и да се здружат со Oculus Rift. Уредот се поврзува со Galaxy Note 4 преку MicroUSB, има прегледност од 96 степени и екран AMOLED со резолуција од 2560 на 1440 пиксели. Искуството е исто како да стоите два метри оддалечени од 175 инчен телевизор. Слично на другите уреди што се носат на глава, така и овој од страна има команди чувствителни на допир, копче за назад и за гласност.

samsung-gear-vr-hands-on-9

Оние што носат очила не треба да се грижат за дипотерот, Samsung Gear VR Innovator доаѓа со подесувачки леки за луѓе што се кратковиди и далековиди. Во кутијата следува и картичка microSD со големина од 16 гигабајти која содржи видеа снимени специјално во 360 степени и 3D трејлери на големите филмски студија.

Компанијата Samsung e позната по своите партнерства, па така не треба да не зачуди што за овој проект тие решиле да склучат договори со DreamWorks Animation, Cirque de Soleil Media, музичкиот канал VEVO, како и студиото IMAX. Сетот ќе може да се купи онлајн и преку одредени телефонски оператори до крајот на годинава.

Извор: Samsung, Ubergizmo

Претходна статијаMicrosoft претстави три нови Lumia модели од средната класа
Следна статијаТастатурата K480 на Logitech ќе ги спои сите ваши уреди