Додека го чекаме официјалното претставување на првиот смартфон од Samsung со екран на превиткување, кое треба да се случи до март, од компанијата поднесоа нов патент за ваков уред.

Од патентот се гледа малку поразличен правец за разлика од уредот што треба да биде претставен. Овој уред би бил наменет за гејминг.

Кога ќе се земе во предвид дека екраните уште ја немаат потребната еластичност, а компонентите немаат воопшто, првите уреди кои ќе бидат претставени ќе бидат нешто подебели од што се научивме со мобилните.

Затоа, уред за гејминг на кого ќе бидат ставени и копчиња за играње, како што се гледа од сликата на патентот, ќе успее да овозможи практичност за играње без да „смета“ дебелината на уредот.

Дечките од германскиот портал Let’s Go Digital направија концепт слика врз основа на информациите од патентот, па може да добиеме претстава како би изгледа еден ваков уред. Сликата во продолжение.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаXaomi го претстави Redmi Go кој ќе се продава по цена од 80 евра
Следна статијаБлокчеин – нов мајндсет за новата економија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.