Покрај проблемите кои се појавија на почетокот, Galaxy Fold од Samsung е одличен уред кој слободно може да се смета како најава за тоа каква ќе биде иднината на мобилните уреди. Оваа година ја чекаме втората генерација од овој уред, односно Galaxy Fold 2, а веќе има гласини за тоа каков треба да уредот годинава.

Познатиот и обично во право Макс Вајнбах излезе со објава на Twitter каде тврди дека има информации за поевтин Galaxy Fold уред кој би требало исто така да биде претставен оваа година.

Уредот треба да го носи името Galaxy Fold Lite, а според информациите ќе има цена од околу 1.099 долари, што е скоро дупло пониска од Galaxy Fold од минатата година.

Според Вајнбах, Galaxy Fold Lite ќе дојде без поддршка за 5G, ќе има 256GB простор за податоци, Snapdragon 865 и во главно ќе има комбинација од компоненти од 2018, 2019 и 2020 година.

Затоа што сепак се работи за „поевтин“ модел, се најавува дека нема да се користи тенкото стакло кое беше вклучено кај Galaxy Z Flip, а исто така екранот на задната страна ќе биде мал, односно нема да биде замислен да се користи класично како мобилен кој може да се отвори како таблет.

Иако се работи за неофицијални информации, сепак очекуваме дека оваа година Samsung ќе претстави два нови Galaxy Fold уреди, а тоа се очекува да се случи ова лето заедно со претставувањето на Galaxy Note20 телефоните.

ИЗВОРPhoneDog
Претходна статијаСкопје Сити Мол започнува со работа од петок 15.05. 2020 од 10:00 часот
Следна статијаApple ќе почне постепено да ги враќа вработените во канцелариите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.