jiordvfcqtl1051ayfxk

Дигиталниот свет делува катастрофално на концентрацијата, волјата и ефикасноста на луѓето. Повеќето луѓе немаат способност и самодисциплина да се самоограничат од милионите статуси, сликички, твитови и пораки кои секојдневно ги загадуваат со апсолутно непотребни информации.

Бидејќи повеќето луѓе немаат способност за саморегулација, на помош доаѓа Saent – Indiegogo кампања за создавање на хардвер-софтвер комбинација која има за цел да им помогне да бидат пофокусирани, поефикасни и помалку изморени на крајот од денот. Се работи за копче кое е поврзано со програм на вашиот компјутер. Кога ќе го притиснете копчето тоа го започнува т.н. модус на „фокусирана работна сесија“. Овој модус може да трае 30, 50 или 90 минути, а додека трае не можете да користите програми кои се означени како трошачи на време и непродуктивни активности.

Самото копче е поврзано со Bluetooth со вашиот компјутер, а на него има светилка која означува до каде сте со времето на фокусираната работа сесија и уште колку ви останува. Како што завршувате фокусирани работни сесии така ви се акумулираат поени, кои пак можете да ги споредувате и да се натпреварувате со вашите соработници или родници и другари. Софтверот кој доаѓа со Saent вади извештаи за вашата работа, а во иднината ќе ви нуди и совети за подобрување на вашата ефикасност во однос на тоа како работите.

saent-button

Софтверот може да работи и сам, без копчето, но едниот од главните водачи на проектот, Тим Мец, вели дека физичкото копче е есенцијално за вистинско подобрување на продуктивноста, бидејќи луѓето се сепак физички, биолошки и тактилни суштества.

Ако сте заинтересирани да ја поддржите оваа кампања, одете на Indiegogo страната и со донирање на барем 39 долари (+ транспорт) ќе добиете еден Saent за подобрување на вашата фокусираност и резултати на работа.

Дигиталниот свет, ако не е контролиран и филтриран, ја троши волјата, фокусот и спремноста за акција на луѓето. Ова ги прави раздразливи, без концентрација, им ја троши волјата за работа, концентрацијата. Немањето волја и концентрација делува негативно кон наклонетоста кон нови искуства, па затоа луѓето, изморени од милионите безкорисни информации многу ретко активно бараат и слушаат нова музика, слики, видео, или пак им се „фаќаат“ само наједноставните и најпростите мелодии или суперзаситени фотографии и слики. Тоа дополнително делува во трошење за волјата за реална борба за своите права и слободи, па одлучуваат да го користат скратениот пат, преку пишување твит или статус, повторно затворајќи се во магичниот круг…

Извор: Mashable, Indiegogo: Saent, CityAM

Претходна статијаScalevo Wheelchair – прекрасна количка за хендикепирани лица дизајнирана од студенти
Следна статијаЗа прв пат забележани градбените честички на планетите